Возач удри во полицаец кај Миладиновци и побегна, голема акција на МВР

Македонија, Хроника

МВР информира дека вчера попладне во 18:40 часот на наплатна станица „Преод“ полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица.

Причината е тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица „Миладиновци“, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на настанот.