Јанева ја виде светлината, но дали правдата излезе победник или губитник?!

Македонија

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која издржуваше седумгодишна затворска казна во казнено-поправната установа „Идризово“, од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот.

Таа беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, а во казната и беше пресметано и времето поминато во притвор.

Јанева беше осудена во предметот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски, кој доби подолга затворска казна за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.

По апсењето на Јанева, Специјалното јавно обвинителство беше укинато со поддршка на сите парламентарни партии, додека дел од предметите продолжија во редовното обвинителство. Камчев во предметот „Империја“ призна вина и се спогоди, издржувајќи пократка затворска казна.

Случајот „Рекет“ сега е пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.