Храбар оглас – Би дале ли 1.000 денари за табла домашни јајца?
Табла домашни јајца се продава по цена од 1.000 денари. Јавноста е шокирана од оваа цена.
Иако јајцата изминатиот период поскапеа низ продавниците и маркетите, па така за табла јајца треба да се издвои од 300-400 денари, оваа понуда во фејсбук групата „Земјоделие“ каде се нудат домашни производи наиде на бура од реакции.
Дали цената е реална или сепак станува збор за „лакомост“ на продавачот?
„Домашни јајца од пуштени кокошки, 1.000 денари табла“ – гласи огласот.
Дали се златни? Дали со таблата оди и гратис кокошка? Киндер јајца да не се? Внатре со по две жолчки да не се? – се дел од досетливите коментари кои се нижат под објавата.
– Мислам дека забегавте со цените, тешко е да се чуваат во ред, но не ги храните со кавијар за да е ценава толку висока.
– За тие пари месо ќе јадеме, – коментираат потрошувачите.
Пред некое време, јајцата се продаваа по цена од 8 денари по парче, па подоцна 10 денари по јајце.

