Движењето „Кој е Следен?“ со герила акција пред „КПУ Идризово“: „Ве гледаме!“

Дали Знаете, Македонија

Движењето „Кој е Следен?“ денес, 19 ноември 2025 година, изведе герила акција пред судницата на „КПУ Идризово“ непосредно пред почетокот на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави 4NEWS.mk.

Активистите порачаа дека нивното присуство е симболичен потсетник дека јавноста внимателно го следи процесот и дека правдата мора да биде остварена.

Со транспарент „Ве гледаме!“ и силна порака до институциите, од движењето истакнаа дека им должат на сите што ги загубија животите:, објави 4NEWS.mk

„Правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест.“

Тие нагласија дека од денес судската власт е под лупа и побараа непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес, ослободен од политички влијанија. Според нив, судиите кои ќе го водат предметот имаат морална и законска обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон правото, објави 4NEWS.mk

„Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните?“ – прашаа од движењето, додавајќи дека правдата за жртвите, вклучително и оние од пожарот во Кочани, не е желба, туку должност.