Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Македонија, Политика

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР Венцо Шишкин.

Коњановски соопшти дека новата станица е резултат на донација од Инженериската команда на морнаричките сили на САД (NAVFAC) во износ од 1,093,017 долари. Според него, ова е значаен проект за безбедноста на граѓаните и за подобрување на условите за работа на пожарникарите.

– Ова е проект над политиката и во интерес на сите битолчани. На утрешната вонредна седница на Советот очекувам едногласна поддршка од сите советници, истакна Коњановски.

 

 

Новата противпожарна станица ќе придонесе за посигурна, побезбедна и помодерна Битола, додава градоначалникот.