СКАНДАЛ: Што работат македонските историчари

Балкан, Живот, Македонија

Македонија има сериозни државни проблеми, особено во однсите со соседите и светот, токму поради историските теми. Дали нешто работат и што сработеле македонските историчари од сите институти во земјава, децении наназад? Ова се прашуваме сите граѓани, бидејќи сите чекаме во место и не можеме да напредуваме кон ЕУ или општо во бизнисот и развојот, само поради „работењето“ на историчарите.

МКДенес направи едно кратко истражување на причините за отворениот спор со Бугарија. Во срцето на спорот е Егзархијата, односно заедничката Црква која Отоманите ја дозволиле за Македонците и Бугарите. Таа Црква се проширила низ скоро сите Епархии во Македонија, врз основа на „народно изјаснување“ односно тогашни референдуми во секоја Епархија одделно. Во обид да дознаеме што е проблемот со Бугарија и за што тоа се изјаснувало македонското население, ние не успеавме да најдеме основното, а тоа е „рефередумското прашање“! Што работеле овие наши историчари долги децении, ако ова прашање не го обезбедиле?

Имено, населението на Отоманска Империја, кое не говорело грчки јазик, долги години се бореле за воведување на црковно – словенски јазик во Богослужбата, особено за создавање на автономни Цркви. Македонците секако и секогаш за возобновување на нашата, нелегално укината, Охридска Архиепископија.

На 28 февруари 1870 година, султанот Абдулазиз Први издал ферман, со кој се создавала одделна и самостојна Црква во ранк на Егзархиja, за сите „негрци“ на Балканот. Бидејќе се плашел да ја возобнови Охридската Архиепископија, оваа нова Црква била и за Македонците и за Бугарите. Ферманот имал 11 членови, во кои биле опишани териториите, структурата и односите со отоманската држава и Цариградската патријаршија. Членови 1-5 определувале да се состави Устав на Егзархијата, изборот на митрополити и на егзарх требало да се спроведува без никакво мешање од страна на грчкиот патријарх, а по нивниот внатрешен избор егзархот и митрополитите се назначувале со посебна дозвола од султанот, нарекувана берат. Затоа ние сме ги избркале грчките владици од Македонија, познати како владици „влицем светци, всрецем волци“!

Но за тоа да го направиме, прво морало нашите предци да се изјаснат на референдум и тоа 2/3 да гласаат за новата Црква, согласно членот 10 од ферманот. Со цел да бидат заштитени правата на верниците насекаде во епархиите на Егзархијата, каде дел од населението би сакал да остане под власта на Патријаршијата, тоа било дозволено. Во членот 10 исто така се определувал методот на идно проширување на териториите на Егзархијата:

Освен тие изброени и именувани места, ако православните жители на другите места сите или наjмалку двете третини побарат во нивните духовни работи да се потчинуваат на Егзархијата, и кога тоа биде испрашано, ако добие потврдување и биде докажано, ќе им се дозволи.

Веднаш по одлуката на султанот, започнале да се спроведуваат референдуми насекаде во Македонија. Во секоја Епархија одделно. После изборот на Егзархот и негово признавање од султанот, продолжил и процесот на организирање на гласање за официјално припојување кон Егзархијата во македонските епархии, кој завршил во Охрид и Битола во 1874 година, со резултат повеќе од две третини за Егзархијата. Во Охрид од општо 9,387 христијански фамилии само 139 луѓе гласале за останување во Патријаршијата, а во Скопје од 8,698 христијански фамилии 8,131 се присоединиле кон Егзархијата. Сите Епархии во Македонија се приклучиле кон Егзархијата со 2/3 мнозинско гласање, освен Солунската, која останала под јуриздикција на Партијаршијата.

 

Покасно Егзархијата е национализирана од Бугарското Кнежество, прогласена како национална бугарска институција, а Македонците започнале со антиегзархиско движење со цел ослободување од тоа најново наметното решение, и повторно со идејата за возобновување на Охридската Архиепископија, нашата векова мајка Црква.

Замислете, после толку години работа, ниту еден македонски историчар не се обидел да го најде референдумското прашање на кое нашите баби и дедовци се изјаснувале и сме добиле духовна слобода. Ако ова не го сработиле, тогаш јасно е зошто имаме проблем со цел свет за историските прашања. Тогаш Бугарите не ни се криви за нашите неработници, што ги плаќаме од наши џебови.