
Заев не дава оставка
Откако беше повикан од неколку страни да поднесе оставка, особено од лидерот на Македонски Концепт Богојески, кој му предложи да се формира експертска влада, премиерот Зоран Заев доби и новинарско прашање на таа тема. Тој истакна дека нема потреба од оставка по неуспехот со португалското претседателство.
Богојески: „Добро е и за Заев да си даде оставка, да се формира експертска влада која ќе го затвори бугарското прашање во Македонија„
Заев: „Ги направивме сите реформи дома и навистина 100 процентно беше потврдено заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори.“
Заев дополни дека веќе се одржале избори со главна помисла дека граѓаните треба да одлучат, остануваме на европскиот пат или ќе разработуваме други варијанти. Со ова веќе Заев ги потврдува тврдењата на Богојески дека е напуштен европскиот пат, Заев работи на антиЕУ сценарија и тргнал по патот на Груевски.
Одлучија граѓаните, дадоа поддршка и покрај такви тешки процеси, ја добив таа чест и одговорност пак да ја водам македонската влада. Сега мислам дека нема потреба заради тоа што не е во ред, нерационално е да се оди на избори, рече Заев.