АНТИКОРУПЦИСКА повторно одлучи ВО КОРИСТ на ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА

Македонија

На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен приговор од кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го потврди приговорот на Гордана Силјановска Давкова и попладнево донесе одлука со која и предлага на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите.

„Се задолжува Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на 130 слушатели, да ја стави во мирување до завршување на изборите за избор на претседател на државата и пратеници во Парламентот и Владата“ – се вели во одлуката на Атикорупциска.

Одлуката е донесена со четири гласа „за“ и еден „против“. Против одлуката е дозволена тужба во рок од 24 часа.

Против одлуката гласаше Софија Спасова Медарска, која ги образложи причините за нејзината одлука. Како што појасни, според Уставот, судската власт е самостојна, независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт и согласно тоа процесите што се одвиваат во рамки на правосудството, не би смееле да се доведуваат во врска и да зависат од политичките процеси, како што е изборниот процес.

Итноста и неопходноста од нови кадри во рамки на правосудството, како што изјави таа, можат да ја проценуваат и определуваат само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во чија надлежност е да ги следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација.

На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен приговор од кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Приговорот од Силјановска Давкова беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот беше вратен во ДКСК на повторно постапување.