„Европските“ СДС и ДУИ со НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ на околу 8000 работници и протести во екот на кампања ЌЕ НЕ НОСАТ ВО ЕУ!

Македонија, Политика

Во текот на кампањата за претседателските и парламентарни избори по улиците протестираат вработени незадоволни од досегашното владеење на СДС и ДУИ. Имено, околу 8000 вработени протестираат за неисплатени плати. Тоа значи дека исто толку семејства останале без месечни примања.

Протестираат 3000 вработени во Министерство за култура, штрајкуваат 2200 вработени во АД Пошта, околу 1800 вработени во АД Македонски шуми како и 400 млади специјализанти кои немаат здравствено осигурување ниту платено породилно отсуство.

Протест на културните работници. Денеска се собраа пред Министерството за култура, бараат повисоки плати и почитување на колективните договори. Се пожалија – цела седмица им доцнат мартовските плати на 3000 вработени во културата, а не можат да го добијат зголемувањето за 12% што им следува согласно општиот колективен и колективниот договор за култура. Министерството за култура чека одобрение од Министерството за финансии.

Околу 400 млади приватни специјализанти во Северна Македонија од утрово, 15 април, стапија во штрајк се додека не добијат писмени гаранците дека ќе им се исполнат барањата. Специјализантите, кои примаат плата од 26 илјади денари или нешто повеќе од минималната, бараат платата да им се зголеми колку и на другите лекари како и да бидат редовно вработени, а не да работат под договор на дело. Овие неколку стотини лекари немаат здравствено осигурување, ниту породилно отсуство. Приватните специјализанти сами си ја плаќаат специјализацијата за која годипно на Медицинскиот факултет плаќаат по 1.500 евра.

АД Пошта протестира за како што велат,  неизвесната иднина на над 2.200 вработени и иднината на компанијата и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари. Се бара гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.

АД Македонски шуми -Од синдикатот велат дека во ова претпријатие 1800 вработени не можат да си ја добијат платата, поради оние предизборни вработувања кои ги имало во Национални шуми, станува збор за 355 ангажирани луѓе, што значи уште 355 плати повеќе поради што страдаат регуларно вработените.