МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ со порака од Кисела Вода – ГОРДИ, ОБЕДИНЕТИ, СВОИ НА СВОЕТО за убедлива победа на „Коалицијата Твоја Македонија“

Македонија, Политика
Претседателот на „Макеонски концепт“ – Петар Богојески на својот фб профил објави дел од атмосферата од вчерашниот митинг во Кисела Вода кој го одржа „Коалицијата Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ.
Тој во својот текст вели:
КИСЕЛА ВОДА јасно е дека со огромна разлика ќе победи Коалицијата Твоја Македонија и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова! Тука нема дилема!
Каде е мојата дилема?
Сигурно ќе има 1000 гласа за дуи и нивните сдс измеќари! Зошто?
Јас разбирам да си за СДСМ, ама онаа партија пред 10 години! Таа веќе ја нема! Остана измеќарска дружина, која ве посрамоти сите до еден член на таа партија, ве направи кираџии во сопствен дом!
Знам колку е тешко да се бориш против “своите”! Барам јас знам, нели?!? Ако некој се борел за принципи и вредности и кренал глас против неправдите од “своите”, тоа сум јас!
Ајде одважете се вие од СДСМ! Сега е моментот! Кренете глас против “своите” и не дозволувајте да бидете измеќари на артанче и бујарче османов! Срамно е аљи арамијата да ви биде газда во ваш дом! Срамно!
Исто и вие од ВМРО НП, ве шитна љуБчо за три гроша, вие од ЛДП, ДОМ, кои сте чесни луѓе, еснаф, домаќини, кои не сте зимзелени како дуи, ајде со нас! Нашите порти се ширум отворени за секој еден човек кој си ја сака Македонија!
Ајде сите да се ОБЕДИНИМЕ! Цела Кисела Вода, и старо и младо, машко и женско, сите од сите партии, етнички и верски заедници, сите до еден да кажеме ДА за број 2!
Македонија повторно ГОРДА!
Македонија повторно ТВОЈА!