
ДОБРО УТРО со Аматерката и ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР ОД „РЕФОРМСКИОТ“ ПРОЦЕС ЗА ДОПАРТИЗАЦИЈА НА СУДСКИОТ СИСТЕМ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
ПОСЛЕДЕН ОБИД ЗА ДОПАРТИЗАЦИЈА НА СУДСКИОТ СИСТЕМ
Одлуката на Управен суд е само уште една потврда за напразно „брблање“ на вадините челници за владеење на правото, борба со корупцијата преку независно судство наспроти „сваровски“ судството од претходно со цел отпочнување на преговори со Европската унија. Тие биле за ЕУ !?
Дали можеби овие вработувања и унапредувања се дел од РЕФОРМСКИОТ процес на ДУИ и СДС кој согласно европските пракси и препораките од Извештајот на Прибе, ќе донесеше професионално, независно и неселективно судство!?
Неодамна судиската тога ја облекоа, снаата на генералниот собраниски секретар, Цветанка Иванова, ќерката на пензионираната обвинителка Смаќоска, синот на поранешната специјална обвинителка Јосифовска. Можеби Прибе „им напиша“ правда да дели и синот на член на судскиот совет, Наќе Георгиев. Практично, изборот на сопствениот син за судија требаше да биде првата работна обврска на Георгиев. Фамилијарните врски беа дел од „реформскиот процес во судството“ и во генерацијата со нови обвинители. Откако ја завршија академијата, а „согласно Прибе“, вработување во обвинителство добија синот на собранискиот спикер Џафери, сопругата на обвинителот Абази и синот на апелациониот судија Беџети кој одговора дека со месеци во фиока го чувал предметот за прислушувањето.
Видовме што се случува во Судскиот совет, гледаме што се случи со одлуките околу настаните во М-НАВ, сега излегуваат на виделина многу контроверзни одлуки на судии што ослободиле потврдени криминалци, за вчера да ја слушнеме и одлуката од Управен суд. Владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено наместо електронски, што е во спротивност со членот 39 од Законот за АСЈО каде што изрeчно е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат. Со очигледната интервенција, власта повторно сака да обезбеди кадри за судии и обвинители што во иднина ќе бидат нивни должници и кои ќе мора да работат во дослух со политичките партии наместо да го спроведуваат законот неселективно. ВЛАДАТА донеле заклучок!? ДКСК ја поништи одлуката, ама Управен суд сепак ја уважи тужбата од Академијата за судии и јавни обвинители против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата дека Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати. Кандидатите препознатливи на јавноста. „звучни “ презимиња на јавни личности, претежно од политичката сцена. Судот ја поништи одлуката на ДКСК и го врати предметот на повторно одлучување на тужениот орган. Власта се брза, нема време избори се губат, блиските останаа не снајдени! Ниту срам имаат ниту грижа им е за ЕУ! Ќе си го истераат до крај и овој „семеен проект“ и око нема да им трепне. Народот или „СТОКАТА“ како што милува да го нарече Пендаровски, и вака и така ќе си гласа на избори!