КЛУЧНИ ПОРАКИ до жените, испрати претседателката на МЖК

Политика

Политичката партија Македонски Концепт, во рамки на предновогодишната прослава ја промовираше партиската Химна „Земјо мила“, во која прилика се обрати и претседателката на Македонски Женски Концеп, Виолета Попоска Миташевска, која упати клучни пораки до жените од Македонија.

Нејзиното обраќање до сите членови, симпатизери и поддржувачи на партијата, беше најавено во име на сите Асоцијации на Македонски Концепт.

„Ми припадна таа чест да ве поздравам во име на сите Тимови и Асоцијации на Македонски Концепт.“ – истакна Миташевска.

„За многу краток период, постигнавме огромни успеси, па така покрај Извршниот Тим и стручните тела, Националниот и Регионалните Тимови, успеавме да ги конституираме сите Асоцијации на партијата, како Македонски Бранителски Концепт, Македонски Младински Концепт, Македонски Пензионерски Концепт, Македонски Концепт – Дијаспора, Политичката Академија, Македонски Институт Илинден, и Македонски Женски Концепт, кој имам чест да го водам, пред се како сопруга и мајка, но и како БОРЕЦ ЗА ПОЛОВА ЕДНАКВОСТ.“

„Во Македонски Концепт ОД НАС ЖЕНИТЕ ЗАВИСИ колку ќе успееме! – продолжи Миташевска.

Отворени ни се сите можности! Затоа и нашето лого има слоган „Од нас зависи!“

Многу често во општеството жените се “сами” во потрага по кариера или претприемништво, борејќи се помеѓу улогите на сопруга, мајка или работничка.  Уште почесто сме сведоци на ситуации во кои жените пропуштаат многу можности, токму поради одлуката да станат мајки.

Ве уверувам, како жена со професионална кариера, ништо не е пропуштено! Имаме место и време за се!

Семејство и кариера, одат заедно, рака под рака! Во нашата партија и двете подеднакво се почитуваат!

ПРОФЕСИОНАЛНО, да ги вратиме изгубените норми и вредности во општеството, и со нашето политичко делување да дадеме придонес во економскиот развој и креирање на нови работни места!

Како МАЈКА имам обврска да ги пренесам своите морални и етички принципи засновани на трајните семејни вредности и македонска традиција!

Упатувам апел до сите мајки, да се избориме за подобра иднина на нашите деца, тука, дома во Македонија.

Да ги сочуваме нашите деца Свои на Своето, како деца на Нација со длабок корен и светла иднина.

Единствен начин на делување е ПОЕДИНЕЦОТ да разбуди во себе ЖЕЛБА ЗА РЕСТАРТ на системот! СЕ може да се смени ако ја задржиме моќта и не ја предадеме на други, за тие потоа да располагаат со нашите судбини.

Од позиција на Тим лидер на Македонски Женски Концепт ги повикувам жените од опозициските партии, парламентарни и вон парламентарни и жените од Р.Македонија, политички неопределени, ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ. Да ја искористиме нашата моќ, обединети и силни, да го прифатиме предизвикот и да станеме генератор за РЕСТАРТ НА МАКЕДОНИЈА!

Ќе завршам со зборовите … Жената има моќ да испише историја, создаде подобро утре и остави белег во светот. ОД НАС ЗАВИСИ!

Посакувам среќна и ПОБЕДНИЧКА 2024 година! – заврши Миташевска

One thought on “КЛУЧНИ ПОРАКИ до жените, испрати претседателката на МЖК

Comments are closed.