СТАВ Богојески: Три причини ја спречија ЕУ да се прошири на Балкан

Политика

Одлуката на Европскиот Совет да не започне пристапни преговори во Македонија и Албанија во 2024 година има свои причини, но и последици, изјавува Петар Богојески, лидер на партијата Македонски Концепт.

Според него, ова се трите причини кои ја спречија ЕУ да се прошири на Балкан:

  1. Етничкиот шовинизми, кои царуваат на Балкан, а предничат албанскиот и бугарскиот. Токму албанскиот етнички шовинизам е проблем и за Грција, но пред се за Македонија, поради фактот што неспособната власт на ДУИ и нивните сдс измеќари, нашиот интеграциски пат во Унијата во врзаа за Косово и Албанија. Бугарскиот шобинизам е проблем, денес за Македонија, утре за Албанија и Србија, а следна е Грција. ЕУ или ќе се ослободи од шовинизмот во свои редови, а ќе помогне да го зауздаме албанскиот, или нема да ја биде.
  2. Верски радикализам, пред се исламизам, од кој веќе има фобија кај граѓаните на ЕУ. Доколку етничките Албанци продолжат со процесот на радикализација по верска основа, а тука пред се влегуват и Бошњаците и Македонците муслимани, сите ние од т.н. Западен Балкан, ЕУ само ќе ја сонуваме.
  3. Галопирачка корупција низ цел Балкан, а Македонија е посебна приказна во тоа. Кај нас, коруптивното поведение полека стана општествено прифатливо поведение, а со тоа Македонија стана непожелна за ЕУ.

Во овие моменти ЕУ нема капацитети, ниту намера да се проширува. Таа ќе се реформира. Најмалку има намера да прими корумпирани држави во кои царуваат етничкиот шовинизам и верски радикализам. Тоа е апсолвирано прашање и од тоа нема да отстапат земјите членки, особено Франција и Холандија.

Последиците од ваквата одлука се застрашувачки. Балканот ќе тргне во регресивна насока, шовинизмите и радикализмите ќе се удвојат, ЕУ скептицизмот ќе галопира, економиите ќе стагнираат, што значи и нов мигрантски бран – Балкан кон ЕУ. Ако тоа им била целта, да ги добијат тие „бели мигранти“ од Балкан, во ред, целта е исполнета.