
ИЗЈАВА: Мораме да го вратиме украдениот капитал во Македонија
„Мораме да го вратиме украдениот капитал во Македонија, станува збор за повеќе од 20 милијарди евра, украдени и изнесени од земјава последниве 30 години.“ – смета лидерот на партијата Македонски Концепт Петар Богојески.
Единствен начин тоа да го направиме е да прогласиме АМНЕСТИЈА НА КАПИТАЛОТ. Не амнестија на криминалот, тоа не може и не смее. Кој ќе се фати, тој ќе плати. Под амнестија на капиталот подразбирам слободно внесување на капитал во Македонија, без барање да се докаже неговото потекло.
Ако нечиј криминал некогаш биде докажан, тој секако ќе одговара. Но Македонија нема и нема да има механизми и сила да ги врати назад украдените пари, освен да ги „амнестира парите“. Тоа може да помине низ некое минимално оданочување или целосно слободно да влезе во земјава.
Нужно е потребен свеж капитал во земајва, во спротивно нема да се смири оваа спирала на пропаѓање на екониомијата. Инвестиции и зголемување на потрошувачката, само тоа ќе не извади од калта.
Амнестираниот капитал ќе биде насочен во инвестиции во точно определени области, производство на храна, туризам, ИТ сектор и енергетика.- смета Богојески.