БУГАРСКИТЕ ЛАГИ поразени од историската вистина за ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

ИСТОРИЈА, Македонија, РЕЛИГИЈА

Правните аргументи за Охридската Архиепископија, со кои се потврдува нејзината поврзаност со Архиепископијата Јустинијана Прима, веќе ги објавивме. Следно е објава за темелот и создавањето на првата Црква во Македонија, односно за поврзаноста на Солунскиот Апостолски Викаријат и Јустинијана Прима.

Римската префектура Илирикум Ориентал, била составен од две диецези – Дакија и Македонија. Во 379 г. била поделена на западна и источна Илирикум, а источниот дел бил отстапен од императорот Грацијан на Источното Римско Царство.

Римскиот Папа Дамасиј (366 – 383) со цел да ја задржи јурисдикцијата над овие покраини, кои државната власт веќе ги отстапила на Ромеја – Источно Римско Царство, го назначил митрополитот солунски Ахолиј за Апостолски Викар. Во ова својство епископот претседавал со месните собори, судел и решавал проблеми, освен за посериозните прашања, за кои одлуката била резервирана за папата.

Ги потврдувал изборите на митрополити и епископи и доделувал одобрение да се продолжи со ракоположувањето. Тој рамноправно учествувал на вселенските собори и ги потпишувал нивните одлуки веднаш по Патријарсите.

Во таа смисла, солунскиот митрополит имал прерогативи на архиепископ, дури и по титула, но бил подреден на патријархот (папата) во Рим.

Во 395 година, наследникот на Дамасиј, папата Сирикиј (384 – 399) повторно му ги потврдува правата на солунскиот Епископ со надлежности на Архиепископ. Во 412 г, папата Инокентиј (401 – 417) со писмо до солунскиот епископ Руф не само што го потврдува статусот на Апостолскиот Викар на Солун, туку и му ги зголемува и привилегиите и териториите.

Оваа одлука се смета за официјално воспоставување на Солунскиот Папски Викаријат.

До 535 година Апостолскиот Викар на Солун имал јурисдикција над сите провинции на Илирикум, но после Новелата ХI на ромејскиот император Јустинијан, авторитетот бил поделен меѓу него и новиот архиепископ на Јустинијана Прима.

Вториов, македонскиот архиепископ на јустинијана Прима, добива автокефалност од Рим од папата Вигилиј (537 – 555) и исто така бил назначен за Апостолски Викар на Папата, управувал седум провинции на северот, денешна Македонија (Вардар), Србија, Албанија, делови од Бугарија и сл., додека Епископот солунски продолжил да управува со шест: Македонија Прима (Егеј), Тесалија, Ахаја, Крит, Нова и Ветус Епир.

Работите останале на тоа ниво сè до 732 година, кога царот Лав III Исавријан, по неговата екскомуникација од страна на папата Гргур III (731 – 741), ги припоил сите епархии на префектура Илирија кон Цариградската патријаршија.

Оттогаш, и покрај протестите на Рим, Солунскиот епископат бил зависен од Константинопол.

Охридските архиепископи ја поврзуваат Охридската Архиепископија со различни автономни и автокефални црковни формации што егзистирале на истиот простор во минатото, имено се повикуваат и на двете Цркви, признати од Папата – „Солунскиот викаријат и Јустинијана Прима,” кои меѓу другото биле на ниво на Архиепископии.

Предходно МКДенес ги објави правните документи за основањето на Охридската Архиепископија како возобновена Јустинијана Прима од ромејскиот император Василиј Втори Македонски.

Уште првиот Архиепископ во Охрид, кој не потекнувал од Македонија, Лав (1037 – 1056) при градењето на соборниот храм Св. Софија во Охрид дава јасен израз на овие претензии.

Во ѓакониконот на олтарот на апсидата наоѓаме двајца папи, кои обично не биле сликани во олтарите. Притоа тие се поставени на чело на насликаните шест папи, т.е дадена им е главна улога. Тоа се:

– Инокентиј (401 – 417) кој му дал делумна автокефалност на Солунскиот Викаријат (во чии рамки се наоѓала и поголем дел од диоцезата на Охридската архиепископија), и

– Вигилиј (537 – 555) кој и’ дал автокефалност на Јустинијана Прима по 535 г.

Од времето на Архиепископ Лав на Охридската архиепископија до укинувањето од Цариград по паѓањето на Македонија под турска власт, секогаш се знаело дека ОА е дирекна наследничка на двете Архиепископии Јустинијана Прима и на Солунскиот Викаријат, автокефални со Томос од Рим.

Тоа го докажува и Епархискиот список од времето на Алексеј Комнин, каде веќе имаме создадена Јустинијана Прима, а не постои никаква бугарска црква или било каков бугарски карактер на било која Црква во Македонија.

Насликаните осум Папи во внатрешноста на црквата Св. Софија, во Охрид, Македонија, најдобро покажуваат која е правната / канонска основа за потеклото на Охридската Архиепископија.

Всушност, денес во тек е процесот на признавање на наследното право на МПЦ – ОА како возобновена Охридска Архиепископија, наследничка на двете древни Архиепископии Јустинијана Прима и на Солунскиот Викаријат, од страна на Вселенската Патријаршија, процес кој е неспорен за Римските Папи и католичкиот свет.

Обидот на Бугарија да го спречи тоа признавање со помош на Русија и нивните измеќари во Македонија, нема да успее! Охридската Архиепископија е основана како македонска и таква ќе остане, без никаква врска со Бугарија и било која бугарска Црква, со име од Северна Мизија.