БУГАРИЈА ФАТЕНА ВО ЛАГА, кога пишувале вистина за Шапкарев

Балкан, ИСТОРИЈА, Македонија

Длабока криза за бугарската пропаганда, која последниве години зема голем замав, во стилот на времето на студената војна и владеењето на Тодор Живков.

Најголем дел од неа се потпира на наводното изјаснување на македонските преродбеници како бугари, а нивното изјаснување како Македонци било всушност само територијален идентитет.

Но што Бугарија објавувала во времето и која е вистината, доволно е да го погледнеме примерот со македонскиот преродбеник Кузман Шапкарев, за кој Бугарија денес тврди дека бил голем бугарски преродбеник и учебникар.

Во минатото помеѓу ,,предавниците на народното бугарско дело“ беше сместен и Кузман Шапкарев, зашто како што вели весникот „Свобода“, „не за првпат меѓу Македонците се појавуваат ваков род политички и литературни флугери.

Ако помнењето не нè изневерило, г. К. Шапкарев едно време, уште на самиот почеток на преродбата на националната идеја кај Македонците, беше почнал да пишува книшки на македонското наречје. Неговиот план да создаде посебна македонска писменост пропадна, како што пропаѓа и секое неприродно дело, и настојувањата му се погребаа во архивите на вечноста…” (,,Свобода“, VI, 744, София, 18. II 1892, 3).

Иако Шапкарев се обиде да го објасни својот чин, сепак Редакцијата на ,,Свобода” на крајот му додаде една значајна белешка: „Од сето излегува дека ние не сме кажале нешто невистинито. Ние имаме мошне големи уваженија и почит кон г. Шапкарев, како кон народен трудбеник, но тоа не значи дека не треба да го кажеме она што било“ (К. А. Шайкаревъ, Едно необходимо обяснение, ,,Свобода”, VI, 770, 20.III 1892).

Ова значи дека за време на Кузман Шапкарев, додека бил жив, тој бил жестоко напаѓан по бугарските весници за неговиот македонистички став, за неговата намера да издава учебници на македонски јазик и да кодифицираат таков јазик, различен од бугарискиот, во што очигледно бил спречен, освен доколку се сокриени некои необјавени списи и ракотворби на преродбеникот.

Покасно, Бугарија за време на живковизмот започнува со масовна пропаганда против Македонија, користејќи го Шапкарев за најголем аргумент, без да спомне еден збор за минатото и вистината за него.