
СРБИЈА во 1902 помагала на БУГАРИЈА да се ЗАБРАНАТ МАКЕДОНЦИТЕ
„СЕ БОРИМЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И ГИ ШТИТИМЕ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ, КАДЕ И ДА СЕ НАОЃААТ ТИЕ“ – објавено 18 август 1902 година, една година пред Илинденско востание во српскиот весник Балкански гласник.
Во Белград во јули 1902 година бил основан Македонски клуб со свој весник – „Балкански гласник”. Преку ова гласило, Македонците во Србија и нивните сојузници се залагале за воспоставување автономна Македонија и воведување на македонскиот како литературен јазик. По само месец и пол, на 25 август 1902, српската власт го забранила весникот.
Заради своите искажани ставови, „Балкански гласник” бил напаѓан и од српските и бугарските национал-шовинисти. Првите ги нарекувале неговите уредници „бугараши”, а вторите – „србомани”. Координацијата против етничките Македонци ја водел Стојан Новаковиќ, српски министер и дипломат во името на братството помеѓу прогерманско – австроунгарскиот српски крал Александар Обреновиќ и германскиот бугарски кнез Фердинанд Први Кобуршки.
Уредниците одговориле на нападите преку напис за тоа дека се работи за „белградски и софиски шовинистички весници” кои се вознемирени поради ставовите на весникот. Во него, Македонците („словенскиот елемент”) претставуваат една целина во Македонија и треба да го усвојат македонскиот како книжевен, т.е. литературен јазик.
Следствено, пишуваат уредниците, српските шовинисти мислат дека весникот е инспириран и помогнат од Бугарија, а другите, бугарските шовинисти – од Србија. Тоа било договорена српско – бугарска игра, со цел да се уништи македонскиот народ и да се договори поделба на Македонија.
„Категорички ги побиваме таквите тврдења, кои ги сметаме за клевета, затоа нашиот весник војува единствено за ослободување на Македонија и ги штити интересите на Македонците каде и да се наоѓаат тие, a кои истиот го прифатија и го помагаат.”
ИЗВОР: „Балкански гласник”, 18 август 1902, бр. 7, стр. 4.
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот е издаван во Србија, на тамошниот официјален пишан јазик. Велико-српската политика, најчесто, особено на самиот почеток на 20. век, не дозволила изданија на македонски јазик.