
СКАДАЛ: Кој обезбеди „бадинтер“ за да менуваат ИМИЊА НА УЛИЦИ
Општина Чаир, направила промена на името на улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир со ново име „Оџа Атаулах Куртиши“ по иницијатива на општината на чело со градоначалникот, Висар Ганиу.
За таква промена е потребно „бадинтерово мнозинство“ во Советот на општината, односно најмалку 50% поддршка од советниците етнички Македонци.
Кој им го дал тоа мнозинство на овие албански етнички шовинисти, да прават етничко чистење на Македонците во Чаир? СДСМ или ВМРО ДПМНЕ?
Ако се знае дека во Советот на општината, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат по 4 советници, а за да помине оваа одлука биле потребни по бадинтер најмалку 5 гласа, дали тоа заедно и братски гласале вмровците и комуњарите за бришење на името на Чернодрински и замена со некој си Оџа???
Градоначалникот уште најавува етничко чистење на Македонците, истакнувајќи ја улогата на некој си Оџа Атаула Куртиши, кој придонел за албанската национална кауза.
Оние кои поминуваа низ улицата „Војдан Чернодрински“ отсега ќе минуваат низ улицата „Оџа Атаулах Куртиши“, која се наоѓа многу блиску до неговото семејно огниште, објави Ганиу.