СКАНДАЛ: Весела смена лента, Маричиќ на апарати

Балкан

На бугарската телевизија БТВ, советничката на премиерот на Бугарија, Кирил Петков и претседател на европското здружение од Совет на Европа, Весела Чернева ја смена лентата.

Истата таа која не убедуваше дека со францускиот предлог ќе сме започнеле преговори со ЕУ, си признава дека тоа не е така и дека Македонија не започнала преговори со ЕУ.

Секако за тоа го обвини жалниот Путкин, кој не знае каде му е газот, а каде главата, ама знаел за македонските преговори.

„Пресвртите во односите меѓу Бугарија и Македонија се во интерес на руските цели.“ – изјави Весела.

„Секој таков пресврт во билатералните односи не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во уставот, туку игра и во интерес на руските цели“, рече Чернева.

„ЕУ ќе ги регулира односите меѓу Бугарија и Македонија кога ќе почнат да преговараат за нивниот пристап. Македонија сè уште не ги започнала преговорите бидејќи имаше услов Бугарите да бидат вклучени во уставот. Оваа промена се уште не се случила, за неа се потребни две третини од гласовите на македонскиот парламент“, објасни Чернева.

Според неа, имињата на „бугарските клубови во земјава се избрани на тој начин што ќе ја испровоцираат другата страна“, но не кажа дека токму нејзиниот Петков беше на отварање на клубот Ванчо Михајлов во Битола.

„Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа да ја навреди другата страна“, рече таа. Според неа, на пример, името Цар Борис Трети ги потсетува Македонците на Втората светска војна, кога имало административни трупи од Бугарија.

„Историски, секој има своја чувствителност. Овде се поставува прашањето што прави дипломатијата, бидејќи тоа е нејзината задача – да гради мостови и да ги решава проблемите пред тие да станат физички“, смета таа.