
ДОЈДЕ ЖИВОТ: Бифтеци во Србија и Албанија, без дозволи
Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија, ќе може да работат во секоја од трите земји без работни дозволи. Значи конечно одиме на печалба во Елбасан и на бесплатно здравство во Врање! Дојде живот и за нас Македонците!
Сето тоа благодарение на оваа екстра влада кој преку поврзувањето на националните електронски системи на овие земји во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по првпат ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на трудот.
Ама не на европскиот, како што ветуваа со кампањата за Преспа и менуваа име на земјава, туку на пазарот во Шумадија и Круја. Може и свињи да чуваме за потребите на београџани! Од тие црните, екстра свињите!
Како што јави дописникот на МИА од Белград, објасни дека граѓаните ќе имаат можност да се вработат во една од тие три земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.
На пример отворените Македонци како пупка може да чуваат говеда во Албанија, за да има екстра бифтече за Боки на Зоки.
Сите потребни информации за јавната администрација во Србија се достапни онлајн и за граѓаните се на услуга седум дена во неделата, 24 часа дневно. Можеби ќе ве примат во кабинет на Вучко, кој знае, пробајте!
Сепак сметаме дека поголеми ви се шансите да станете измеќари на Рама, кој веќе ги формира и раководи македонските квислиншки влади на зајчињата.
Зборувајќи за пазарот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во Србија, во моментов на тоа поле се вработени 92.000 луѓе, но дека пазарот сè уште е „гладен“, односно да постои „огромен дефицит во тој сектор“.
Одлично, и тоа малку што остана писмено и вредно во Македонија, сега ќе има шанса да работи за исти пари, но за Србија. Кој ја *бе Македонија! Срам!