ИЗБУГАРЕНИТЕ сами го демолираа клубчето во Охрид, за да плачат

Хроника

Избугарените Македонци, цел живот соработници со тајните служби, по нивни налог го демолирале клубчето во Охрид наречено Борис Трети, за да имаат причина да плачат и да создаваат тензии против Македонија.

Таа удбашка багра има потреба да биде во центар на внимание на јавноста, па откако веќе никој не им придава никакво значење, ги заборавија и газдите од Бугарија, немаше друг начин освен преку кршење на стаклото и дел од светлечката реклама на избугареното клубче „Цар Борис трети“ во Охрид, повторно да се јават на сцена.

СВР Охрид денеска соопшти дека оштетувањето било пријавено ноќеска во 2 часот и 5 минути, односно не кажа дека баграта се полтрони на старите службеници од истата таа служба.

– Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, изјави за МИА портпаролот Стефан Димоски.

Гората се стресе, се роди глушец!

Оштетувањето, според првичните информации било направено со тврд предмет, камен. Да се чудиме што откри МВР, ние мислевме дека е направен со мек!

Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Херојското дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.