
(Видео) ТАТАРСКАТА црква од долна Мизија (бугарија) и објави војна на Светата МПЦ – ОА
Татарската болшевичка црква во долна Мизија и во пракса почна да ја применува одлуката со која Светата МПЦ – ОА ја нарекува Православна Црква во Северна Македонија, а нашиот Архиепископот г.г Стефан го именува како Архиепископ Северномакедонски.
На вчерашната Божикна литургија во рускиот катедрален храм во избугарена Софија, Св. Александар Невски, агентот на руското КГБ, кој себе си се нарекува патријарх долно мизиски на татарската црква во долна Мизија (бугарија), неофит за прв пат го спомна Архиепископот Стефан за време на Големиот вход, употребувајќи ја формулацијата „Северномакедонски“, наместо „Охридски и Македонски“, како што е запишано во Томосот на СПЦ, што татарската орда одлучи да го признае.
Татарските владици на 13 декември донесоа одлука, под влијание на Руската православна црква, да ја признаат автокефалноста на МПЦ-ОА преку Томосот на СПЦ. Сепак, татарската долно мизиска црква одлучи да не је нарекува МПЦ-ОА под името што е запишано во Томосот, туку да ја преименува во „Православна црква во Северна Република Македонија“, а Архиепископот во својот Диптих да го запише како „Архиепископ Северномакедонски“(„Блаженейшаго Стефана – Архиепископа Северно-Македонскаго”).
Сепак, она што е најзагрижувачко во одлуката на татаро монголскиот синодот на долно мизиската црква, е што таа заговара дека за автоекфалноста на МПЦ-ОА и за нејзиното конечно име треба да одлучува Сеправославен вселенски собор. Одржување на таков Собор и носење на одлука за МПЦ-ОА, ќе значи историски пораз за македонското црковно прашање.
Носењето на косензуална одлука на сеправославен собор за тоа кое име ќе го има МПЦ-ОА, во пракса би значело трајно губење на името Охридска Архиепископија, бидејќи татарската црква на такво име нема да се сложи. Името Македонска црква, пак е невозможно поради канонските прописи, но и поради блокот грчки цркви. Што значи дека од еден сеправославен вселенски собор, МПЦ-ОА би излегла како Православна црква во Северна Македонија, со архиепископ Северномакедонски.
Иако за многумина е симптоматична улогата на Руската црква во оваа одлука на долномизиската болшевичка црковна Софија, сепак таа е сосема јасна за оние кои ги знаат интересите на црквите во православниот свет. За потсетување пред таа одлука во Скопје, Рускиот владика од Предворјето на РПЦ во Софија, заедно со рускиот амбасадор во Скопје, имаа средба во МПЦ-ОА, а недела дена подоцна, шефот на руската црковна дипломатија беше во посета на Софија два дена пред одлуката на татаро – монголската црква.
Наивно е да се верува дека Руската црква, под чие директно влијание беше донесена одлуката на татарската црква за прифаќање на Томосот на СПЦ за МПЦ-ОА, не можела да влијае кај долномизиската татарска црква за да биде прифатено и името на МПЦ – ОА и титулата на Архиепископот Стефан, како што е тоа заведено во Томосот.
Ако подлабоко се навлезе во суштината многу лесно се чита дека таквиот став на татарската долномизиска црква во Софија е во основа интересот на Руската и на Српската православна црква, а секако и својот потаен интерес. Татарската болшевичка црква на долна Мизија (бугарија), која за потсетување досега немала никаков проблем МПЦ-ОА да ја нарекува МПЦ и архиепископот Македонски, сега практично ја игра улогата на инструмент на Црковна Москва, обидејќи се на тој начин да го постигне и она што во основа никогаш и не се обидувала да го добие.
Практично, татаро – монголската црква заговара Севселенски собор за МПЦ-ОА, користејќи ја формулацијата од Томосот што СПЦ го издава, во кој таа остава простор за ново име на МПЦ-ОА, или да биде појасно издава Томос, за кој остава можност да биде оспоруван. Иако во тој Томос е наведено дека конечното име МПЦ-ОА ќе го дефинира со блокот грко-јазични цркви, татаро – монголите одат чекор понатаму наметнувајќи го својот интерс во тој процес.
За потсетување на Руската црква и беше нудено да биде медијатор меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, медијаторство од кое произлезе само двојно именување на МПЦ-ОА, и предлог на маса „Самостојна црква“ со широки овластувања на автономија. Она што Руската црква и го даде на Задграничката руска црква.
Сегашната тврда, наводно промакедонска позиција на Руската црква кон македонското црквоно прашање има само една цел и еден интерес. Тоа е МПЦ-ОА да биде внесена во кругот на оспорувани автокефалности. Таму освен МПЦ-ОА е уште и автокефалноста на Украина. Православната црква на Украина, за чија автокефалност легитимно и легално Томос издаде Вселенската патријаршија, но руската црква низ нејзината дипломатија се обиде таа автокефалност да ја оспори.
Откако не успеа во тој процес, реши да ја смени стратегијата и да создаде уште една спорна автокефалност заговарајќи непостоечки момент автокефалност да издава мајката црква, од која се одделува една црква во случајот СПЦ. Српската црква, чии владици во изминативе 30 години имаат дадено најмалку стотина изјави, во кои тврдеа дека СПЦ не може да издава Томос за автокефалност и да признава автокефалност, сега го прават спротивното.
Веројатно и под притисок на геополитичките околности, но и поради конечно осознавање на црковната реалност во Македонија, а особено по одлуката на Вселенската Патријаршија да отвори процес на апелација за МПЦ-ОА, знаејќи дека тоа ќе води кон автокефалност, одлучуваат да признаат посебност на црквата во Македонија.
Но, тоа го прават на таков начи во кој оставаат простор за нејзино оспорување. На МПЦ-ОА и на овдешната црковна јавност и нудат јадица за сардина, а и ветуваат дека ќе уловат сабјарка од 100 килограми. Парадоксот да биде поголем е што како место за рибарање одредиле олимписки базен од каде сосема сигурно е дека ќе си заминете со празна јадица.
Се повеќе состојби од реалното практикување на „српската автокефалност за МПЦ-ОА“, покажуваат дека во обидот за заробеништо на МПЦ-ОА својот интерес го имаат Руската, Српската и сега татаро – монголската црква на долна Мизија (бугарија). Заговарањето теза за сеправославен собор е теза за трампање автокефалност со автокефалност, украинска за македонска.
Тоа е патот по кој и многумина „душегрижници“ во Македонија ја туркаат црквата, залажувајќи ја јавноста дека прашањето е решено и дека нема што да се бара Томос од Вселенската патријаршија. Или како што лаички ќе рече еден владика „Сакал, не сакал, Вартоломеј ќе даде Томос“.
Реалноста всушност е дека Вартоломеј може да чека уште одредено време, но нема да чека вечно. Тоа е сигурно. Тој практично чека МПЦ-ОА и Вселенската Патријаршија да продолжат таму каде што застанаа по 9 мај. На тој пат МПЦ-ОА добива илјадолетна црковна историја како канонска наследничка на Охридската Архиепископија, и нејзино враќање на масата на севселенските собори по 260 години, прашање кое веќе е етаблирано во Вселенската Патријаршија и одработено од Вартоломеј во блокот грко – јазични цркви.
На тој пат од МПЦ-ОА не се бараат никакви структиурални и уставни измени, ниту пак се бараат цркви во дијаспората. На тој пат од МПЦ-ОА се бара единство и искрена почит кон оние кои по 55 години одлучија дека МПЦ-ОА е догматска, канонски исправна и жива црква, а не подземни црковно-политички игранки.
И на тој пат, Руската црква, Српската и татаро – монголската црква на долна Мизија (бугарска), сакале или не сакале, веќе ја признале автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА.
Проследете дел од литургијата на украден македонски јазик, користен од татаро – монголските орди: