АЛБАНСКИОТ ШОВИНИЗАМ работи за Путин, а против НАТО, смета Богојески

Изјави, Политика

После продлабочување на кризата во Косово, лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески изрази незадоволство од фактото што Македонија после „францускиот“ предлог останува заглавена во истата кошница со Србија, Косово и Албанија.

Според него, секој ден со оваа неспособна Влада, Македонија е се подалеку од ЕУ, а поблиску до Голо Брдо.

„АЛБАНСКИОТ ЕТНИЧКИ ШОВИНИЗАМ ги премина црвените линии… не само во Македонија, туку насекаде низ светот! Тој е конфликтен како сите шофинизми низ светот и создава кризи, особено тука на Балкан. Кризите и нестабилноста му одат во прилог само на Путин. Фактички албанскиот шовинизам работи за Путин, а против НАТО!“ – истакнува Богојески.

Тој смета дека шовинизмот е опасен пред се за самите Албанци, а не за другите. Истакна дека тој ова не го говори бидејќи мрази Албанци, туку за нивно добро!

„Не се сите како измеќарите низ Македонија, ќе започне светска антиалбанска реакција на албанската шовинистичка акција… ги полудевте младите Албанци со лажна историја за „божанствено потекло“, ги лажете, а не им кажувате кој ги спаси, кој ги лекуваше без пари, кој им помагаше на нивните родители и дедовци… со тоа ги доведовте во опасност!“ – им порача Богојески на повоздрасните Албанци.

„Албанскиот енички шовинизам мора да биде сопрен, за доброто на сите, вклучително и самите Албанци! Ниту еден народ во светот не поминал добро кога започнал со инвестирање во екстремизам!

Ниту Руси, ниту Германци, ниту Британци, ниту Срби, ниту Бугари (кои го повторуваат делото), ниту Грци… да не набројувам!

ДОСТА БЕШЕ ШОВИНИЗМИ!!! Слобода и солидарност ни се потребни!“ – заклучува тој.