
КОЈ е ЗА Бугари во Устав, тој е ПРОТИВ Илинден, смета Богојески
На официјалната фан страна на лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески објави:
„МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Кој е ЗА Бугари во Устав, тој е ПРОТИВ македонската Кауза “Македонија на Македонците”!
Тој е предавник на Илинденските идеали на неговите баби и дедовци!
Сите вие кои сте ПРОТИВ Бугари во Устав, бидете горди на себе, зашто вие сте ЗА македонската Кауза, свои на своето!
Само ГРАЃАНСКИ УСТАВ може да ја реализира максимата “Македонија на Македонците”, зашто таа е граѓанска во својата суштина!“ – завршува Богојески.