ДОБРО УТРО со АМАТЕРКАТА и ДРАМАТИЧНАТА ИРОНИЈА на ЗИКОВ

Добро утро, Живот, Македонија, Политика

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

САКАМ ДА БИДАМ…ДА БИДАМ БРЕГОВИЌ!

Обично, кога луѓето се инспирирани лесно ги преминуваат границите, доживуваат нови искуства и прават необични и големи работи. Исто така, од клучно значење е од каде извира испирацијата во определен момент, а од тоа зависи и крајниот исход од истата.

Во овој случај очигледно е дека инспиративноста придонела овој лик да ги премине границите, да направи необична фотографија и една голема работа – да ја разоткрие вистината, она што навистина го мисли.

Видно од поставената фотографија и цитатот во прилог на истата,  испиративноста на  авторот доаѓа од моменталната релаксирана атмосфера пропратена со ЈУ музика и добро бело вино. Но, целата таа релаксирана атмосфера ја нарушуваат неколку  чкртаници на подлогата врз кој е поставена чашата. Психологијата за ваквите појави има научно докажани одговори. Имено, цртежите  направени на несоодветно место во определен момент можат да сокриваат разни трауми и скриени пораки во  потсвеста на човекот.

Ова е типичен пример  дека кај  авторот има  психолошка траума поврзана со срамот – незнае што е тоа срам! Таа траума може да биде уште од рано детство. Можеби во детството  личноста била премногу критикувани од страна на  родителите или школските другари во училиште. Овие деца, иако мислат дека го надминале тоа, кога ќе пораснат сеуште бараат одобрување од другите и прават се за да ги импресионираат другите. Стануваат поданици.

Психолозите советуваат ваквите појави да се третираат уште во најрана возраст, но не ја исклучуваат можноста за опоравување и во поодмината возраст. Да се надеваме дека за конкретнава ситуација постои некој со искрени намери во неговото опкружување и ќе му помогне во лекувањето.

Пораката која ја напишал авторот е цитат од ЈУ музичар и композитор Горан Бреговиќ со кој цитирајќи го сака да се поистоветува. Но постои огромна разлика , едниот е уметник и никому не должи никакво објаснување за тоа како и каде ќе го живее својот живот и како, колку и каде ќе ги троши своите пари, па затоа има легитимно право да го употреби овој цитат. Но затоа има соодветен цитат од истиот во контекст на темата: „ Секогаш има работи кои ги лечиш, ама не ги лечиш. Некој оди на психијатар, некој компонира. Јас компонирам! – Горан Бреговиќ.

Авторот во цртежот ја напишал и сумата 80.000 денари која ја прикажува висината на неговата плата, демек малку ли е, многу ли е? Се жали или се фали? Кој како ќе разбере, но јасно е дека  драматичната иронија која ја употребил претставува ефект произведен од наратив во кој публиката знае повеќе за сегашните или идните околности од ликот во приказната.

Инаку, да, изгуглавме но убава фотографија од авторот не успеавме да откриеме. Од Бреговиќ има нешто, но од Зиков за жал нема, бидејќи фотографирањето е многу тежок занает. Некој треба навистина многу да се потруди а Зиков добро да плати за од него да направи добра фотографија.