
СКОПЈЕ станува Бејрут, ОБИЏУКО спие!
На 18.11.2022 во 12.53 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет, веројатно нож, бил донесен Т.Т.
Според пријавеното, тој бил повреден на бул.„Партизански одреди“ од едно лице кое му побарало пари. Човекот буквално бил насилно ограбен во центар на Град Скопје, на среде главна улица, а можел да го изгуби и животот.
Додека луѓето се тепани и ограбувани по улиците на Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски – Обиџуко спие! Се фали по телевизии со некакви анкети и табели, а животот во Скопје станува опасен. Скопје станува Бејрут!
МВР знае да коментира само во стилот „се преземаат мерки за расчистување на случајот“. Колку случаи на насилство и грабежи останаа нерасчистени? Кога на тоа прашање ќе одговори МВР и нивниот министер, најнеспособен во историјата на независна Македонија?