
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со комфорот на Македонците
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Македонците сакале промени на подобро! Дали е така?
За промени, ама вистински промени, не курто – мурто систем, потребна е храброст.
Спротивно на храброста не е стравот, туку КОМФОРОТ!
Човек не оди каде што му е подобро или не прави што му е потребно, туку каде што му е познато и она што мисли дека му е достижно!
Македонците сме најпознати по нашата „храбра борба“ за познато и достижно!
Никако да посегнеме по подобро и потребно!
Поточно, Македонците никако да собереме храброст да излеземе од сопствениот „комфор“!
Промените ни се страшни, дури и кон подобро!
Тогаш никогаш нема да го доживееме подоброто и да го добиеме потребното!
Ќе останеме во калта на „македонскиот комфор“!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!