
АЛБАНЦИТЕ менуваат страна, РАМА тврди дека ќе умреле без Русија и Кина
На среде европски самит во Париз, албанскиот премиер Еди Рама даде изјава со која ја шокираше целата европска политичка елита.
Имено, албанскиот премиер Еди Рама, на мировниот форум во Париз, изјави дека Западен Балкан е обединет во многу тешки времиња и е оддалечен од војните, мислејќи пред се на Србија и нејзиниот проект „отворен балкан“.
Домаќин на форумот беше францускиот претседател Емануел Макрон, а на форумот присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Објаснувајќи зошто Западен Балкан е обединет, Рама рече дека балканските држави исто гласале во Обединетите нации кога станува збор за осуда на рускиот напад врз Украина и заштита на нејзиниот територијален интегритет.
Со ова тој стана адвокат и застана на страната на Србија и тврдењето дека Косово е ист пример како Крим и дел од територијалниот суверенитет на таа земја.
Рама се осврна и на однесувањето на Европската Унија за време на пандемијата на Ковид-19.
„Тие се однесуваа како федерација на богати егоисти бидејќи не ги споделуваа вакцините со другите на кои им беа потребни. Без Кина, Турција и Русија, немаше да ја преживееме пандемијата“, рече Рама.
Рама додаде дека ЕУ е загрижена за кинеското, руското и за турското влијание на Балканот, но и дека овие три земји се единствените што му пристапиле на регионот со вакцини, и им помогнале пред се на Албанците“ – пренесува „Танјуг“.
Албанците повторно менуваат страна. Од најголеми сојузници на СССР до 1990 година, станаа први извршители на САД до овој момент, а последните изјави на Рама покажуваат дека тие се враќаат на старите патеки, на сојуз со Русија и Кина.
Тука Турција е само фолкор и покритие на проруската политика на албанската влада и политичари во Албанија, Косово и Македонија.