ОМИЛЕНИТЕ БИЗНИСИ на премиерите – Владо Бучковски

Македонија, Хроника

Бучковски за малку не заврши во затвор поради „Тенковските делови“

ВМРО ДПМНЕ беше партијата на власт која му помогна на веќе осудениот Бучковски на правосилна пресуда затвор, да не ја одлежи казната. Со што Бучковски ја задолжил ВМРО ДПМНЕ за таква услуга?

Универзитетскиот професор по римско право, Владо Бучковски беше премиер на земјава речиси две години, од 2004 до 2006 пред да дојде Груевски на власт. Него опозициската ВМРО-ДПМНЕ јавно го обвинуваше за криминална продажба на тогашното Електростопанство на Македонија и „милионско мито од Телеком“, додека беше на премиерската функција, како и случајот со спорна набавка на „Тенковски делови“ додека беше министер за одбрана. Тој раководеше со секторот одбрана во конфликтната 2001 година.

Во 2008-та беше осуден на три и пол години затвор за предметот „Тенковски делови“. Во 2019 овој предмет застаре откако повеќепати се враќаше на повторно судење.

Тој во интервју во 2012 за Фактор, рече дека за тенковските делови го наместил Црвенковски.

Маѓар Телеком, сопственикот на Македонски телеком, беше казнет со скоро 60 милиони долари од судот во Њујорк затоа што со скоро 5 милиони евра мито во 2005 си обезбедил позиции на пазарот на нелегален начин, односно излобирал да се одложи либерализацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Доминантен сопственик на Маѓар телеком е Дојче телеком, кој котира на Њујоршката берза, па затоа и тамошниот суд има ингеренции.

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски пред судот во Њујорк сведочеше дека мито зеле тогашниот премиер Владо Бучкоски и челниците на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери. Тие негираа. Во Македонија немаше судски епилог за случајот.

И овој криминал беше покриен од владите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Дали постои договор помеѓу двете големи партии, никогаш да не оди во затвор било кој премиер, без разлика колку го ограбил македонскиот народ?