Наместо брза реакција на дојавите за бомби, ОЛИВЕР поднесува КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ за фејзбук статуси

Македонија, СКОПЈЕ, Хроника

Додека вознемирените граѓани од Оливер Спасовски очекуваат развршница на случајот со дојавите за бомби во училиштата, тој се занимава со кривични пријави за ширење на говор на омраза по социјални мрежи.

Три дена по ред трае паниката кај учениците и нивните родители заради дојава за поставени бомби во девет скопски училишта. Содржината на мејловите со заканувачка содржина се застрашувачки и вознемирувачки. Оливер Спасовски повикува на смиреност иако трет ден по ред истрагата нема резултат.

Во меѓувреме се занимава со кривични пријави за говор на омраза по социјални мрежи.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Н.(59) од Битола поради постоење основи на сомнение за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 12.07.2022 на својот фејсбук профил, пријавениот поставил коментар во кој повикувал на насилство и нарушување на јавниот ред и мир.