Маск го презеде Твитер и го враќа ДОНАЛД ТРАМП на мрежата! ЕВЕ ОД КОГА пак ќе ги читаме ставовите на Трамп!

Lifestyle, Забава, Сцена

Илон Маск конечно ја презеде социјалната мрежа Твитер и веднаш почна да отпушта луѓе.

Меѓу отпуштените се и извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџеј Гадеа, кои, меѓу другите, го прекинаа Твитер профилот на Доналд Трамп.

Доналд Трамп му честиташе на претприемачот Илон Маск за купувањето на Твитер, додека Маск вети дека неговиот профил на оваа социјална мрежа ќе му биде вратен на 31 октомври.

Маск претходно го обвини претходното раководство на Твитер дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата.

Тој рече дека сака да ги „победи“ спам-ботовит и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и да спречи платформата да стане место на омраза и поделби.

Маск се уште нема дадено детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.

Twitter ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.