Папата Франциско: Свештеничките и свештениците гледаат порнографија, од таму доаѓа ѓаволот

РЕЛИГИЈА, Свет

Папата Француско предупреди вчера во Рим на „ѓаволот на порнографијата“, признавајќи дека порнографија на интернет гледаат и свештеничките и свештениците.

Тој ги повика да ги користат социјалните мрежи „за личен развој и комуникација“, предупредувајќи ги притоа на опасностите, односно на дигиталната порнографија.

„Тоа е порок на многу луѓе, многу лаици, но и многу свештеници и свештенички. Од таму доаѓа ѓаволот. И не зборувам само за порнографијата како таа со злоставување деца, што е монструозно. Туку за „нормалната“ порнографија. Драги браќа, внимавајте на тоа“, кажа папата Франциско.