Маја Оџаклиевска е апсолутна РЕКОРДЕРКА во број на бракови, имала повеќе и од Елизабет Тејлор: Замислете само колку пати кажала „да“ – неверојатно многу!

Lifestyle, Сцена

Лицата од јавната сцена често се под лупа на јавноста особено поради нивниот љубовен живот. Нивните партнери/ки се бројат и тие кои се официјални и оние неофицијалните, а ако имале неколку бракови, шегите на нивна „сметка“ не се реткост.

За браковите на Маленко знаеме, дури знаеме и за браковите на пејачката од соседна Србија Наташа Беквалац, или Зорица Брунцлик, за нив „на големо“ се зборува, сепак малкумина знаат дека рекордерка по број на бракови е всушност македонската пејачка која живее и работи во Белград, Маја Оџаклиевска.

Маја своевремено откри дека во животот имала многу мажи, кои лесно ги оставила.

– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент кога ќе започне мрчењето или однесувањето што не ми се допаѓа, ги ставам сите работи во ќеса за ѓубре и велам: „Работите ти се пред тебе“. Чао, догледање, и нов брак. Мајка ми велеше: „Едниот се истегна, другиот се протегна“ – изјавила своевремено Оџаклиевска, а пренесува република.рс.