Со новите цени владата порача: Ако немате за ајвар, јадете чоколадо!

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Подготовка на традиционалната домашна зимница е во полн ек, но растот на цените на сето она што се користи за подготовка ги предомислува домаќинките околу изборот што годинава да се најде на листата.

Особено кога станува збор за ајварот. Се исплати ли да се прави домашен ајвар или е поевтино да се купи готов, подготвен во прехранбената индустрија?

Пресметката за подготовка на 10 тегли ајвар оди вака:

-30 килограми пиперки (50 денари за килограм) – 1.500 ден
-8 модри патлиџани (15 денари за парче) – 120 денари


-1,5 литри масло (140 денари за литар) – 210 денари
-10 тегли со капак (25 денари за една) – 250 денари
-Дрва потрбни за подготовка – 600 денари

Вкупно, за 10 тегли домашен ајвар се потребни најмалку 2.680 денари.

Ако се додаде и трудот и два дена потрошени за подготовка, може да се заклучи дека цената е повисока од 268 денари за тегла, а ајварот станува скапа зимница.