
НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Имаме премиер со ДИЈАГНОЗА „трајно неспособен“ кој ИЗБЕГНАЛ војска 2001
Пратеникoт и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки тврди дека премиерот Димитар Ковачевски имал дијагноза „трајно неспособен“ и „свесно го избегнал служењето воен рок“, односно не се јавил на повик да служи во армијата во време на конфликтот во 2001 година.
– Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога ѝ бил најпотребен.
Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот премиер морал да се јави во војничките редови. Но повторувам, според информациите со кои располагаме, Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во АРМ – обвини Ковачки.
Тој тврди дека Ковачевски како причина што не одговорил на повикот на АРМ навел дела е „трајно неспособен“.
– Ковачевски не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата!
Го повикуваме во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позициј – порача Ковачки.
Тој праша дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана.
Доколку истото се докаже, по сила на закон мора да замине премиерот со дијагноза дека е деловно неспособен, а да се започне постапка против институции кои дозволиле лице со таква дијагноза да стане премиер на земјава.