ВЛАДАТА спроведува НОВО ЗЛОСТОРСТВО врз Македонија, смета Богојески

Политика

Откако ситуацијата ги надмина и црвените линии, министерот за информатичко општество и администрација си зема за право сам да толкува резултати на попис и да штелува балансери за слободно вработување на само Албанци во администрацијата, а владата на комуната на Таче и Заев се прогласи за ненадлежна по прашањето, со своја оценка на состојбата се јави и лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески.

Тој јавно ги праша граѓаните:

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ дека во моментов Владата спроведува НОВО ЗЛОСТОРСТВО врз Македонија?“

Подоле во објавата детално се објаснуваат причините поради кои Богојески констатира ново злосторство на власта, истакнувајќи дека “Балансерот” за вработување во администрација следните 5 години ќе покажува само една етничка заедница, поради фалсификување и бојкотирање на Пописот ‘21 година и слободно толкување на резултатот!

За Богојески соучесници во злосторот се сите, и тие кои го фалсификуваа и другите кои го бојкотираа Пописот ’21. Тоа се една иста банда, смета тој.

Дополнително, резултатите на Пописот секој ги толкува кој како сака и со весела математика позната само на министерот на Таче, дојдено е до решение да секој трет вработен во администрацијата биде Албанец. Тоа е спротивно на сите меѓународни и домашни стандарди, кои одамна не се почитуваат во земјава, смета Богојески.

„Согласно Устав и Закон, единствено резидентно населени се зема во предвид како бројка за “балансерот”! Владата спротивно на Устав и Закон, си внесува паушални проценти на етничка застапеност, само и само да си спаси газето на фотеља! Ова е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, за што Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept ќе поднесе КРИВИЧНА ПРИЈАВА против премиерот и министерот за информатичко општество и администрација!!!“ – пишува нивниот лидер.

Доколку власта се одлучила да направи примената на резултатите од пописот врз балансерот за вработување по етничка линија, тогаш треба да знае дека има уставни и законски одредби кои мора да се почитуваат и дека тоа не зависи од политичката волја или предавнички карактер на зајковистите. Тоа е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!

Не може правни прашања да се третираат како прашања на политичко убедување и политички договор. Тоа е злоупотреба на службена положба и овластување, за што мора да има одговорност.

Богојески најави дека сите вработувања реализирани на овој незаконски начин ќе бидат избришани во моментот кога граѓаните ќе им дадат доверба на Македонски Концепт да носат одлуки во нивно име, а сите вработените ќе бидат испуштени со одлука да ги вратат парите кои незаконски ги земале од Буџетот на државата!

„ДАЈТЕ НИ СИЛА, да ги решиме бандитиве! А вие си знаете!“ – повикува лидерот на Македонски Концепт.