ДАНЕЛА ПРАШУВА: Каде СЕ КРИЕ ШПИЦНИОТ градоначалник?

Македонија, Политика, СКОПЈЕ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска на Советот на Град Скопје го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таа дрско го нападна Мицкоски и вели дека се крие и не сака да се појави.

„Кога лажете и мафтате со документи и ви се тресе рачето.

Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Каде се крие Мицкоски? Имаме одговор?

Го нема никаде, се крие. Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни и храбри луѓе. Мицкоским за жал, не е еден од тие“, рече Арсовска.

Таа додаде за смената на директорот Златко Перински.

„Како до вчера бев најдобриот градоначалник, а сега кога им го фатив директорчето со рачето во медот, не чинам“, изјави Арсовска.