ЕВЕ КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ТАЈНОТО ПИСМО НА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА

Европа, Свет

Покојната кралица Елизабета II ја посети Австралија во ноември 1986 година. Во оваа прилика таа напиша писмо до граѓаните на Сиднеј, а писмото тајно се чува во трезор во зградата на кралицата Викторија.

Најдобро од сè е што писмото не смее да се отвори уште 63 години.

Затоа, писмото се наоѓа во трезор речиси 36 години, а наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Тоа е адресирано до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот кој содржи упатства за отворање и читање на писмото.

„Поздрав. Во соодветен ден по ваш избор, во годината Господова 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да ја пренесете мојата порака до граѓаните на Сиднеј“, стои во пликот на писмото.