
УБАВИ ВЕСТИ: ТУЖБИ за ЕВН и РКЕ за незаконска наплата на украдената струја
Политичката партија Македонски Концепт достави соопштение за јавноста во кое информира за преземените активности на оваа партија во насока на заштита на граѓаните од незаконското работење на ЕВН и РКЕ и наплата на украдената струја од чесните граѓани.
Во соопштението се вели:
На ден 03 Септември 2022 година, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Политичката партија „Македонски Концепт“, претставувана од националниот лидер Петар Богојески и Здружението за истражување, анализи и развој Зелена Лупа Скопје, претставувано од претседател Васко Тодоровски.
Предмет на овој меморандум е воспоставување на соработка помеѓу наведените субјекти со цел меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за заштита на интересите на граѓаните од измами при снабдување и наплата со електрична енергија.
Имено, на иницијатива на политичката партија Македонски Концепт ќе се организира група на правни и физички лица кои ќе започнат правна постапка за заштита на интересите на граѓаните, а во врска со незаконската наплата на електричната енергија од страна на ЕВН, предмет на кражби од други корисници.
Во таа иницијатива ќе се вклучат повеќе политички и граѓански субјекти, стопански комори, синдикати и граѓани. Усогласени се конкретни чекори со Работничка Партија, Стопанската комора за енергетика на Македонија, Унија на потрошувачи на Македонија и Синдикатот за приватниот, административниот и јавниот сектор во Македонија.
Правната постапка пред надлежните судови ќе биде мониторирана од реномираната Зелена Лупа и останати организации за правично судење, со цел да се обезбеди целосна транспарентност и заштита од политичко или друг тип на влијание врз истата.
Јавноста ќе биде редовно информирана за сите преземени чекори.
Тим за комуникација со јавност
Македонски Концепт – затворен цитат.