ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Русија призна дека ПРОДАВА ДЕЦА од Украина

Европа

Институтот за проучување на војната, кој редовно ја анализира ситуацијата на теренот во Украина од почетокот на инвазијата, во последниот извештај наведува дека извори од руската влада признале дека доведуваат украински деца во Русија и ги даваат на руски семејства за посвојување, за што Киев ја обвини Москва.

Институтот посочува дека Управата за семејство и деца на рускиот регион Краснодарски крај објавила информација за програмата според која руските власти префрлиле повеќе од 1.000 деца од Мариупол во руските градови каде што децата биле продадени на Руси и дека повеќе од 300 деца чекаат да запознаат „нови семејства“. На Русите кои посвојуваат украински деца наводно им се плаќа еднократна финансиска компензација.

Подоцна таа објава беше избришана, но на социјалните мрежи се прошири скриншот, а Институтот наведува дека успеале да најдат архивирана верзија.

Институтот во анализата наведе дека е можно руските сили вчера да извршиле лажен напад во градот Доњецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти, со цел да ги оправдаат нападите врз зградите на украинските државни институции за време на Денот на независноста на Украина.

На социјалните мрежи се прошири веста за наводниот напад на зградата во која работи лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), кој тогаш не бил присутен. Руските медиуми тоа го претставија како директен напад врз властите на ДНР, а Институтот смета дека е можно тие да сакаат да создадат услови за одмазда на зградите на украинската влада.

Вчера Киев ги предупреди граѓаните дека се можни нови киднапирања на деца и нивно транспортирање кон централна и азиска Русија, каде истите се продаваат / посвојуваат на наводно руски семејства, но информациите се дека се продаваат како робови на црниот пазар на исламистичките земји како Иран и Саудиска Арабија.