СВЕТСКО ЧУДО во Арачиново, откриени НЛО кабли

СКОПЈЕ

Екипите на ЕВН, според повоениот договор, започнуваат непречено да работат во Арачиново со цел да се превземат соодветните мерки за мрежата да може да функционира согласно сите правила и да се плаќа електричата енергија. Тоа беше мал чекор за ЕВН, но голем чекор за човештвото.

Информацијата ја потврди градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, кој потврди дека Ослободителната војска на Арачиново дозволи присуство на екипи од ЕВН во скопското село и дека се работи на откривање на светското чудо.

После расчистување на чудото, истите ќе бидат повторно избркани, а потрошената струја ќе ја плаќаат битолчани и штипјани, како доброволен прилог за поддршка на дискриминираното Арачиново.

Според извештаите од терен, екипите на ЕВН откриле светско чудо. За прв пат во човештвото се откриени НЛО кабли, неидентификувани до сега, преку кои се крадело малку струја од 6 милиони евра годишно. Таа сума е многу мала, но чудото е големо, тврдат од власта.

После тоа светско откритие, струјомери ќе биле поставени надвор, според планот на ЕВН и коордитивно тело во согласност со жителите, кои доколку се налутат, ќе постават нови НЛО чуда низ тоа напатено скопско селце.

Арачиново неколку дена беше без електрична енергија поради оптовареноста на мрежата составена од НЛО кабли, предизвикана од крадење на електрична енергија, додека од ЕВН известија дека нема да интервенираат бидејќи не постојат бебзедносни услови да го направат тоа.

Откако вонземјаните сами се појавија пред ЕВН и протестираа цели 20 минути, сите проблеми се решени, а неплатените долгови ќе ги плати државата.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека од 100 милиони евра платени преку сметките од страна на граѓаните „за загуби“ потрошени се 100 милиони евра, од кои 6 милиони евра се евидентирани како кражба на електрична енергија во Арачиново.

Бектеши најави дека Општина Арачиново во иднина ќе биде пример на совесно плаќање, додека Владата донела одлука да изгради ободен канал од 1,1 милиони евра на ова место затоа што „ќе продолжи да им помага на дискриминираните општини“.