РУСИЈА СЕ ЗАКАНУВА со напад врз ФИНСКА поради НАТО

Свет

Русија никако да премине преку фактот дека Финска станува дел од НАТО и Алијансата е веќе на нејзините граници. Москва истакна дека ќе биде принудена да одговори на Финска поради приклучувањето на НАТО.

„Приклучувањето на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

„Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, од воено-техничка и од друга природа, со цел да престане да се појавуваат закани за нејзината национална безбедност.“

Пред неколку месеци Велика Британија потпиша пакт со Финска и Шведска со кој ја гарантира безбедноста за време на интеграцијата на двете држави во НАТО. Во меѓувреме Лондон итно купува воена опрема од советско и руско производство ширум светот за да ја пренесе на украинските вооружени сили.

Тоа го пренесува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на британскиот министер за одбрана Бен Валас. Според „Њујорк тајмс“, во тоа се ангажирани најголемиот дел од британскиот оддел за одбрана и воените аташеа.