ЕУ СЕ ВООРУЖУВА до заби, што се подготвува?

Европа

Европската комисија усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, што ќе вклучува инвестиции од 200 милијарди евра, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите членки.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент” ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.

-Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети што очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок. Бараме заедничка набавка, што ќе ја зајакнува интероперабилноста на воените сили на земјите членки. Тоа е финансиски поисплатливо и ја зајакнува индустриската база во ЕУ и нашиот иновативен сектор, рече Лајен.

Шефицата на ЕК најави формирање на работна група за координирање на „огромните набавки потребни за одбраната”, како и финансиски инструменти за заеднички набавки што ќе придонесат за дополнителни заеднички инвестиции во она што земјите членки поединечно го издвојуваат за одбранбениот сектор.

Секако, за да успее приказнава на крај пак ќе треба да плати САД.