
ОСМАНИ „Билатералното прашање со Бугарија е заокружено“-следи промена на Устав, еве кога…
Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо не очекува билатералните договори со Бугарија дека ќе им остават простор на други земји да ја блокираат на патот кон ЕУ.Ова го изјави на средба со министерот на надворепни работи Бујар Османи, а во посета на нашата земја со цел размена на мислења за понатамошно унапредување на економските релации меѓу двете земји.
„Билатералното прашање за кое интензивно разговараат Северна Макеоднија и Бугарија е заокружено со меѓувладината конференција на 19 јули. Не очекувам ова прашање повторно да се покрене . Не гледам причина зошто би се покренало повторно истото прашање. Верувам дека нашите колеги и партнери кога ќе дадат збор дека ќе го изполнат“, вели Жоао Гомес Кравињо.
На прашањето Кога ќе се отвори Уставот, а со тоа кога ќе започнат и уставните измени? Министерот Османи вели:
„Тоа е одлука на Владата. Во момент кога ќе се направат проценки на Влада. Владата треба да поднесе предлог“, посочи Османи.
Историски интерпретации не можеме да ги ставиме под говор на омраза, бидејќи отвораме поле за такви ризици. Говорот на омраза не е поврзан со истриската комисија- вели Османи за македонско –бугарските односи.