свадба

Пукање по свадби освен што е примитивно е и казниво!

Македонија

Граѓаните да не користат огнено оружје, да не користат огномет, на свадби и други семејни веселби, апелираше денеска кумановската полиција.

Имајќи предвид дека во текот на летниот период се организираат повеќе семејни веселби и свечености, СВР Куманово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје, како и од неовластено организирање огномети, соопштија од СВР Куманово.

Огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.

-Потсетуваме дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност”, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), укажуваат од СВР Куманово.

Секторот за внатрешни работи Куманово во месеците кои претстојат, во значителна мерка ќе ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир и конкретно и ефикасно ќе постапува.