БУЈАР ПОТПИША И НЕ ОТПИША ЗА ЗАПАД ДА НЕМОЖЕ ДА НЕ ЗАПИШИ

Балкан, Европа, Македонија

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол кој беше еден од клучните документи за отворањето на преговорите со Европската Унија.

Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во македонското Собрание и гласањето на заклучоците по информацијата од Владата за францускиот предлог во кој беше и овој документ.

Овој документ Османи и Генчовска го криеја две недели колку што траеја и протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на францускиот предлог и билатералниот протокол со кој на Бугарија и се дава можност на годишно ниво да не блокира во процесот на преговорите ако не и бидат исполнети некои од барањата, како што се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, ревизија на учебниците и говорот на омраза.