Ковачевски чита библија и подготвува молитва додека траат дискусиите во Собранието

Македонија

Додека траат дискусиите на пратениците за францускиот предлог, камерата на ТВ 21 го улови премиерот Димитар Ковачевски како чита книга.

Два дена по ред пратениците дискутираат за францускиот предлог. Има жестока дебата. Во Собранието паднаа и тешки зборови како „предавници“, „патриот на батерии“ и друго.

Забележителна беше реакцијата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски кој го прогласи франускиот предлог за добар и го прослави со зборовите да „живее Северна Македонија“ што побуди уште поголем револт кај народот кој протестира пред Собранието токму поради франускиот предлог.