Христијан Мицкоски исвиркан од демонстрантите пред зградата на Собранието

Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера со навреди беше пречекан од демонстрантите пред зградата на Собранието.

Во моментите кога со своите најблиски соработници и членови на партијата приоѓаше на улицата пред Собранието и се упатуваше кон Жена-паркот, тој беше исвиркан и доби навреди од присутните граѓани.

Ваквата реакција на демонстратите следува по објавата на Мицкоски со која де факто призна дека заклулчоците од преговарачката рамка ќе поминат во Собранието.