Гром ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Куманово поради слабиот отпор кој го дава партијата кон „франускиот предлог“

Македонија

Советникот Марјан Каранфиловиќ од партијата ГРОМ, на последната седница на Советот на Општина Куманово објави дека не е повеќе дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Куманово њуз.

Согласно одлуката на Централниот одбор на ГРОМ ве известувам дека повеќе не сум член на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но независно од тоа сите предлог-одлуки, кои ќе бидат во интерес на граѓаните ќе бидат подржани од моја страна“, кажа Каранфиловиќ од говорницата на почетокот на седницата.

Тој на локалните избори беше на 6 место како предлог на ГРОМ на листата на советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

По ваквиот развој на настаните во Советот, СДСМ има 10 советника, „За наше Куманово“ 8, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 6, ДУИ 4, Алијансата на Албанците и Алтернавива двајца, Беса, Левица и ГРОМ по еден.

Владеачкото мнозинство во Советот има 18 советника.