Вучиќ изнесе предвидување: Војната во Украина може да прерасне во нова светска војна!

Изјави

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека војната во Украина всушност веќе се претвори во светска војна.

Вучиќ смета дека Западот се бори против Русија преку своите сојузници во Киев.

Мораме да разбереме дека сме среде светска војна, бидејќи веќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален. Имено, цел Запад се бори против Русија преку Украинците. Ова е глобален конфликт, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Според Вучиќ, оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одглас може да се почувствува и на Балканот. Toj вели дека ќе направи се за да го зачува мирот.